НАШИОТ БРЕНД

Куќата за селекција AS Хибриди основана е 2004. година, под името Prinosmaks, во рамките на фирмата Chemical Agrosava и се занимава со селекција и оплеменување те. создавање на нови, подобри хибриди на пченка. Името на фирмата 2011. година се промени во AS Хибриди поради популарноста на истоимениот бренд.

Брендот AS Хибриди создаден е со идеја да донесе нов квалитет на пазарот на Србија. На нивното создавање вредно работи тимот за оплеменување составен од три селекционери – доктори на науки и голем број на земјоделски инженери и техничари. Тимот за оплеменување опремен е со современи машини за широко и интензивно тестирање на новите хибридни комбинации во сите агроеколошки услови, како во нашата земја, така и во земјите од соседството.  

AS Хибриди пченките пред сè познати се и препознатливи по својата стабилност на приноси во сите услови, особено поради отсуството на стерилни растенија и формирање на многу изедначени клипови, до врв исполнети со зрна. За тоа најдобро сведочат постигнатите резултати и вашите лични искуства, приносите со вашите полиња ширум Србија. Во многу тешки услови дадовме економски исплатливи приноси, а во добри услови врвни резултати и рекордно високи приноси. Според потенцијалот за принос, AS Хибриди се на ниво на сите светски водечки семенски куќи, но според безбедноста и стабилноста на приносот во нашите производни услови ние сме пред сите останати!

AS Хибриди се клуч за зголемување на безбедноста и стабилноста на вашето производство на пченка. За постигнување на уште подобри резултати потребно е да се сеат повеќе хибриди со различни групи на зреење, иако по правило доцните хибриди се породни од раните, што се покажа и во сушните години, како што беа 2012. и 2017. година.

Покрај одличните хибриди за производство на зрна, AS Хибриди се незаменлива основа за производство на висококвалитетна силажа за исхрана на говеда. Лиснатите AS силажни хибриди се единствен производ на нашиот пазар, како по прашање на принос, така и по прашање на состав и квалитет на силажата.

AS Хибриди се извезуваат во следниве земји: Иран, Aзербејџан, Турција, Грција, Бугарија, Романија, Русија, Грузија, Алжир, БЈРМ, БиХ, Хрватска, Словенија, Италија, Унгарија, Франција, Словачка, Црна Гора, Албанија, итн. Интересирањето за AS хибридите е големо, и извозот во споменатите земји се зголемува од година во година, со цел да се освојат и нови пазари.
Сите наши хибриди кои ги извезуваме регистрирани се во Европската унија, и ги задоволуваат квалитетот и стандардите пропишани во земјите членки.

Исто така, покрај хибридите пченка, почнавме и со програма за селекција и оплеменување на пченица. Chemical Agrosava под својот бренд `AS Hibridi` е и дистрибутер на познатите германски брендови во селекцијата и оплеменувањето на хибридната пченица, како и озимување на маслодајната репка.

Покрај тоа, се занимаваме и со организација на семенско производство, доработка, пакување и дистрибуција на сите градинарски растенија како за домашните, така и за странските партнери.

Контакт

Chemical Agrosava d.o.o.

Palmira Toljatija 5/IV, 11070 Novi Beograd

Tel: +381 11 78 52 770

Е-mail: office@agrosava.com