AS 6E02

FAO 620

  • AS 6E02 е уште еден припадник на најновата генерација средно доцни AS Хибриди наменети за постигнување на рекордни приноси на зрна. Бидејќи се работи за доцен хибрид, брзината на отпуштање на влага е умерена, погоден е за берба со берачи во клип или за подоцнежно директно жнеење во зрно, кога нивото на влага ќе падне на економски задоволително ниво.
  • Хибридот, исто така, се карактеризира со високо, здраво растение, со средна позиција на клипот со многу цврсто стебло и корен, така да може да остане подолго во полето без опасност од полегнување или кршење.
  • Oтпорноста на пченкарна пламеница и на сите поважни болести е одлична, a со тоа и чувањето на клиповите во складишта.
  • Како и кај AS 5M43, изедначеноста на клиповите, отсуството на стерилни растенија во било кои услови на одгледување, крупни зрна и тенок окласок се тајна на родноста и стабилноста на овој хибрид. AS 6E02 се истакнува со многу долго, крупно зрно, најкрупно од сите AS Хибриди.
  • Oкласокот е тенок, околу 15%, a зрната се цвтсто всадени во него, така да нема загуба на зрна при задоцнетата берба. Лушпата на клипот е опуштена во текот на бербата, и лесно и чисто се бере со берачите.

ПРЕПОРАКА:

  • Хибридот го препорачуваме за одгледување во сите агроеколошки услови, а оптималната густина на сеење во просечни услови на одгледување би требало да биде од 22 дo 24 cm во ред, или да има посеани зрна од 65.000 дo 60.000/ha.

Контакт

Chemical Agrosava d.o.o.

Palmira Toljatija 5/IV, 11070 Novi Beograd

Tel: +381 11 78 52 770

Е-mail: office@agrosava.com